Со кого се договараме?
Главна цел на преговорите се промената на постоечката ситуација,создавање на нови односи, вршење на взаемни влијанија, остварување на взаемни работи, преземање нови одлуки.
За да можеме да ги оствариме не само горе наведените цели, туку се што сме замислиле, потребно е да го познаваме соговорникот т.е. да знаеме:
Кој е соговорникот?
Какви се неговите позиции?
Какви се неговите желби и мотиви?
Какви се неговите аргументи ?
Какви се неговите очекувања?
Какво е неговото искуство во преговори?
Каков е неговиот карактер?
Кои се неговите слабости?
Какви се неговите навики?
Какви се неговите позиции и компетенции?
Кои се неговите сојузници? и.т.н.
Ако одговориме на сите тие и други прашања тоа ќе не сочува од непријатни ситуации, појава на непотребно самочуство, губење на време и пријатни изненадувања.Треба многу добро да знаеме дека поведението на нашиот соговорник зависи исклучително од финансиско економската положба на друштвото, кое тој го претставува. Добрата положба претставува спокојна и деловна атмосфера. Нестабилната финансиска положба претставува непропусливост, лесна раздразеност сметајќи на тоа ние треба да најдеме начин да го искористиме.
Однесување за време на преговорите
Екипата за договор, треба да ја прими следната примерна шема за правилата, за време на преговорите:
• Само официјалниот претставник / претседавачот / може да покани друг член од екипата да земе збор. Ако некој сака да земе учество, по даденото прашање, треба да го праша претседавачот.
• На масата на преговорите не треба да се искажуваат никакви несогласувања. Ако се стигне до етапа, во која даден член од екипата сака да разгледа одредена несогласност, кој треба да ја предаде забелешката до претседавачот со молба за одмор и советување.
• Секој член од екипата треба да има одрдена улога – извор на податоци , експерт, наблјудувачи и др.
• Говорете јасно со умерено темпо и со не многу висок тон.
• Не покажувајте ги своите чуства, независно од каков вид се: непријателски, страв, додворувачки, омраза.
• Не збунувајте го соговорникот и не го прекинувајте.
• Држете ја иницијативата во свои раце, така со што со знаење да го искористите прашањето забележи ги наводите и доказите.
• Не поценувајте ги личните критики и констатации – тоа смо ќе ви го запази разумот и спосбноста за водењето на преговорите.
• Растерајте ги сомнежите така ќе ја придобиете довербата на другата страна.
• Бидете готови на разумни компромиси.
• Утврдувајте ги постигнатите договори.
• Контролирајте си ги емоциите.
• Не се подведувајте на слаткорчливоста
• Бидете готови да ги комбинирате и усовршувате веќе предложените идеи .
• При појава на кризни ситуации, сочувајте го спокојството и потрудете се да ги откриете жариштата на напонот.
При примена на горните препораки, несомнено ќе се судриме и со други проблеми. Многу тешко е да се изгради системот препораки, со гарантирање на 100% успех тоа би требало да ве натера да си изградите сопствен систем. Освен вниманието што треба да го насочиме кон нашето однесување , треба да го свртиме нашето внимание и на местото на преговорите, зачестеноста на средбите и др. Важни поединости , кои доволно гарантираат за заштитата на интересите на синдикалните членови.
Тек на преговорите
Ги одржува односите и грижата на секоја од страните да го доведе до говорот максимално блиску до предвидените резултати. Во таа смисла се рзграничуваат два вида преговори:
a) Преговори , кои одат во поскувана насока,
b) Преговори, кои одат во непосакувана насока.
Интерес за нас претставува вториот вид. Можни работи за промена на така создадена ситуација се следните:
• Привремено прекинување на преговорите ;
• Консултација со членовите или општото собрание;
• Барање на подршка од повисоко ниво;
• Готовност за разумен компромис;
• Разумен и законски притисок на другата страна;
• Привлекување на сојузници;
Во некои случај може да се нареди и искористување на гранковата комисија за тристрана соработка.
Користење на експерти
Многу често особено во помалите сектори , не достасуваат доволно подготвени улоги, кои можат да ја оформат страгијата и тактиката за едно ново колективно договарање , или доволно добро да ја согледаат , предложената економска информација, а исто така да направат квалитетни предлози за новиот Колективен договор.
Користењето на експертите може да се применува во две варијанти:
• Учество на експертите во текот на самите преговори / за предност /
• Вонредно учество на експертите во текот на преговорите ;
При користење на втората варијанта на договарачките екипи се препорачува даја прегледаат ситуацијата пред самата средба, а за време на средбата треба да се водат детални записки, кои подоцна со помош на експерти пвторно ќе го оформат однесувањето на екипата, за наредната средба.
За користење на експерти потребно е раководството на базичниот синдикат дасе обрати навреме кон ОНС, или кон федерацијата, а при финансиска можност синдикатот може да ангажира потребен експерт.
Информирање на членовите на синдикатот, за токот на преговорите
Информирањето на членовите на синдикатот за токот на преговорите е од исклучителна важност. Добро е ако раковотството на поголемите базични синдикати изгради информативна мрежа од работници и службеници. Така изградената мрежа врз принцип на носители на веродостојна информација на прво место ќе ги подржува интересите во процесот на договарање, на второ место подготвеноста да се побијат секакви неосновани гласини и да се пресечат секакви неразумни работи. Изградената информациона мрежа, ги држи во тек работите на сојузниците и настојува за секоја потребна помош. Освен живата информациона мрежа, за информирањето на членовите на синдикатот може да се користи и:
• летоци ;
• информативен билтен ;
• разгласна станица / ако работи /;
• и други потребни средства и начини.
Консултации со членовите на синдикатот за промена на позицијата во преговорите
Во текот на преговорите, договарачката екипа може да се најде во кризна ситуација и да е принудена да донесе одлука, која ја надминува нивната правна сила. Добро истренираната екипа реално ќе ја оцени ситуацијата и би го одложил донесувањето на такви одлуки .
Како да го направи тоа ?
Ќе побара од другата страна привремено прекинување на преговорите. Преќинувањето треба да е писмено фиксирано.
No comments:
Post a Comment