УНИЈА НА НЕЗАВИСНИТЕ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ
НА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Унијата на Независни Автономни Синдикати на Македонија(УНАСМ) се појави на синдикалната сцена во 1991 година како плод на едно ново демократско општество.Создадена е од три Независни синдикати и тоа: Независен синдикат на ЕМО од Охрид, Автономен Синдикат при Рудници и Железарница од Скопје и Независен Струков Синдикат на Машинскиот персонал при Македонски Железници, кон кои по 6 месеци се приклучи Самостојниот Синдикат на Индивидуалните земјоделски производители на Македонија со седиште во Кочани. Денес УНСМ во своите редови има 170 Независни базични синдикати и 16 Општински Независни синдикати кои се распоредени во 6 гранкови федерации. УНСМ е член на Светската Конфедерација на Трудот (WCL) со седиште во Брисел. Исто така има соработка со повеќе европски и светски синдикати.
No comments:
Post a Comment