Базичниот синдикат е основна структурна единица на УНИЈАТА НА НЕЗАВИСНИТЕ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА, по местото на работење. Таа може да биде основана во секое претпријатие, каде што не постои друг базичен синдикат од овој вид, со најмалку 10 члена. При основањето се избира раководство, а основачкиот записник трба да се регистрира преку Општински Независен Синдикат во УНАСМ, и во соодветна гранкова федерација.
Самостојните членови – без работа, пензионери и тие што учат, на кои да им припаѓа наемен труд, можат да се обеденуваат во базичен синдикат или секции според територијален принцип, кон соодветниот Гранков Синдикат или во ОНС.
СТРУКТУРА НА БАЗИЧНИОТ СИНДИКАТ, ПРАВА И ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ, СЕКРЕТАРОТ И СЕКРЕТАР- БЛАГАЈНИКСтруктура на базичниот синдикат:
Претседател
Потпредседател (1)
Потпретседател (2)
Секретар
Благајник / кога базичниот синдикат е помал, двете должности "секретар" и "благајник" се исполнуваат од едно исто лице/
Членови претседателство
Собрание
Правата и обврските на претседателот, потпретседателите и секретарот на базичниот синдикат:
да ги остварува врските на базичниот синдикат со ОНС, Федерациајта УНАСМ и обратно;
да остварува контакти со локалната јавност, а во врска со работата на базичниот синдикат, каде што е пожелна согласност со ОНС;
да го претставуава базичниот синдикат пред работодавачот;
да учествува во подготовките на сите внатрешни правилници и прописи, кои се однесуваат до работните правни односи во претпријатието /заводот/друштвото /фирмата и.т.н. на чија територија се наоѓа базичниот синдикат;
редовно да учествува во комисијата за социјално партнерство во претпријатието;
да соработува при утврдување на причините и усовите за настанатите работни несреќи;
да организиара редовни средби со членовите на базичниот синдикат на погодно место и време, кое одговара на сите;
да обезбедува присуство на сите потребни лица за спроведување на средбите со членовите ;
да подготвува шестомесечен или годишен буџет на базичниот синдикат, во случаи ако има потреба за тоа;
да подготвува сменски календар за годината со одбележување на сите важни иницијативи на базичниот синдикат;
да води евиденција за сите важни имиња , телефони и адреси;
да ги доставува навремено добиените документи и информации до сите членови;
да обезбедува на членовите можност за добивање на консултации за сите проблеми од работно- правен и осигурителен карактер;
да ги вклучува членовите на синдикалниот сектор во синдикалната обука за програмите на гранкови и регионалните организации на УНАСМ;
да работи за привлекување на нови членови во базичниот синдикат;
активно да учествува во работата на Мрежата на граѓанската активност / МГА/
Права на благајникот
• да има точен список на членовите со нивните адреси и телефони, да бидат навремени и актуелни;
• да собира членарина и други синдикални приходи, давајќи официјални сметкопотврди за добиените суми;
• да ја чува одговорно финансиската и организационата документација и при потреба да ја доставува на финансиските органи кои се одговорни за тоа;
• да ги отпишува соодветни суми од членарината на синдикатот во согласност со Статутот на Унијата на автономните независни синдикати на Македонија, и Наредбата за распределување на членарината;
• да ги изготвува финансиските извештаи на секои шест месеци и да ги чува;
• да го прегистрира базичниот синдикат според Статутот на Унијата на автономните независни синдикати на Македонија и Статутот на ОНС.
Законска заштита на раководството на базичниот синдикат
За претседателите и секретарите на базичниот синдикат во Законот за Работни Односи е предвидена и заштита од работодавачите, со цел да можат да си ја исполнуваат својата синдикална работа.Таа заштита е регулирана со Законот за Работни Односи.Дополнителните распоредувања на Законот го објаснуваат поимот "синдикално раководство".
Препораки:
информирајте ги членовите и месните средства за масовно информирање / прес, радиото и.т.н./, за сите акции, успеси и извршеното од базичниот синдикат;
запознајте се секое работно место, соодветна плата и услови за работа. Не се потпирајте само на разумот;
бидете на јасно со нивото на плаќањето во регионот и во соодветната струка;
дејствувајте со достоинство, кога го претставувате синдикатот.
No comments:
Post a Comment