Собирање на членарината
Собирањето на членарината е на рака или по области таму каде што е склучен договор за тоа со работодавачот.Според Статутот на УНСАМ, членарината е во вредност од 1% од работната награда, добиена како придонес од месечната работна награда ако и се одбие износот од пресметаниот данок на општиот приход. Од членовите кои се на отсуство, по болест или на неплатено отсуство се собира симболична членарина.
Распределба на членарината
Распределбата на членарината се извршува според Наредба, донесена од Кординативното тело на УНСАМ.
Целата сума од членарината собрана од базичниот синдикат, се распределува на три дела, како што следува:
• 10% за ОНС;
• 20% за УНСАМ;
• 10% за соодветната гранкова Федерација;
• 50% остануваат во базичниот синдикат;
• 10% од целата сума на собраната членарина се одделува во неприкосновен фонд за штрајк на базичниот синдикат.
Расходување на членарината
Расходувањето на средствата од членарината кои остануваат на располагање на базичниот синдикат, станува по предлог на Извршниот совет и со Одлука на базичниот синдикат. Средствата може да се користат САМО за синдикални цели, за финансиско осигурување на животот на базичниот синдикат, за помагање на синдикалните членови, кои имаат потреба, за купување на технички средства, потрошувачка, потребна за нормална работа на базичниот синдикат.Средствата од фондот за штрјк при базичниот синдикат, се ставаат на посебна сметка во банката и се неприкосновени, освен во случај на штрајк, кога може да бидат употребувани со Одлука на Општото Собрание на базичниот синдикат.
Контрола на расходите на базичниот синдикат
Контрола на финансиските операции на еден базичен синдикат се врши од Контролно – ревизиската комисија на соодветната Федерација, УНСАМ или ОНС, ако има формирано таква. Кога Статутот на соодветната структура / гранкова или регионална / не предвидува формирање на специјализиран финансиски – контролен орган, контролата на финансиските работи на секторот, може да се врши од специјално овластени финансиски лица, од структурите.
No comments:
Post a Comment