- НАРЕДБИ ЗА УСЛОВИТЕ И РЕДОТ ПО КОЈ СЕ ИЗВЕДУВААТ ПРОТЕСТНИ ДЕЈСТВИЈА
Правото на штајкови е основното право на трудбениците, декларирано од ООН во 1966 година, со пактот за економски, социјални и културни права. Тоа право во Република Македонија е уредено со Законските прописи.
Не треба да заборавиме дека штрајковите се крајно средство и треба да се применува само кога сите други средства на дејствување се исцрпени и не дале резултат. Најдобар е тој , кој станал непотребен, заради конфликтот, со работодавачот.
Задолжително е, сите синдикални членови да бидат запознаени со процедурата за уредување на Колективните работни спорови, во Законските прпрописи , така што незапазувањето води до непријатни последици . Во случај, ако судот го објави штајкот за незаконски, од штрајкувачите може да биде барана дисциплинска и финансиска одговорност.
Штрајкот не е законско средство за уредување на работниот спор во следните случаи :
При појавен индивидуален работен спор ;
кога барањата по својата суштина се политички;
кога барањата се противречни на Статутот;
за време на природна беда / немаштија / ;
во здравството (делумно);
во производството, распределбата и снабдувањето со
електроенергија;
во системот ан Министерството за народна одбрана,
МВР, ининерски војски, и војските на другите ресурси и судските, истражните органи и јавните оввинителства.
За да не го објави судот, штрајкот за незаконски, уште пред да се стигне до реални штрајкувачки дејства, треба да бидат исполнети редица задолжителни барања.
При појава на колективен работен спор, треба да се превземат чекори по следната последователност:
1. Барањата се доставуваат со писмо до работодавачот. Во
него се посочени имињата на лицата, кои се овластени да ги водат преговорите со работодавачот.Барањата треба да се конкретни и јасно формулирани. Задолжително се поставува рок за започнување на преговорите. Писмото задолжително се заведува во деловникот на претпријатието со влезен број и датум.
2. Кога не се постигнува спогодба меѓу двете страни,
3. колективниот работен спор се носи до повисоката
организациона инстанца и задолжително до Министерството за труд и социјална политика. Тоа исто треба да биде во писмена форма со број на влез и датум. Од тој датум почнува да тече 14 – дневен рок, за започнување на преговорите на тоа ниво . Рокот може да биде продолжен само со спогодба меѓу страните .
4. Кога барањата на работниците и службениците не нашле
решение со преговори, иако биле запазени до тука наведените барања, може да се донесе одлука за штрајк. Таа се донесува од самите работници и службеници, а не од нивните претставници . Таа треба да се донесе на Општото собрание во колективот, каде ќе се гласа Одлука за штрајк. Таа треба да биде поткрепена со најмалку 50 % +1, од сите вработени во претпрјатието. Списокот на подржувачите на одлуката за штрајк е неразделен дел од Записникот на општото собрание , тој треба да ги содржи трите имиња и потпис на лицата , и на почетокот на секоја страница се впишува "согласен со штрајкот".Овој спусок не се доставува на работодавачот или на високите организации, дури и при барање од нивна страна – тој може да се користи само во суд, за утврдување на законитоста на штрајкот .
5. По предавањето на Одлуката за штрајк, додека тече седум
дневниот рок, работниците имаат право, без предупредување да спроведат еднократен , едночасовен Предупредувачки штрајк. Ефектот од тоа е психолошки и на работодавачот му ја покажува готовноста на работниците да штрајкуваат за остварување на нивните барања .
6. Најмалку три календарски денови, пред започнување на
ефектните штрајкувачки дејства, се склучува договор за осигурување на дејноста, чие неисполнување или сопирање може да создаде опасност или да нанесе ненадоместливи штети.
a) За да се оствари целта, потребно е писмено да го
поканите работодавачот за потпишување на таков договор. / види "Привремено писмо – покана за склучување на договор " /.
b) При откажување на работодавачот да потпише таков
договор , веднаш писмено се известува соодветното ресорно министерсво и арбитрите . Во известувањето се одбележува дека, вината за евентуални хаварии, исцело паѓа на работодавачот. / види "Привремено писмо – известување " / .
7.Работниците и службениците кои се во штрајк немаат право да превземат дејства со кои пречат или создаваат дополнителни тешкотии за продолжување на работата на работниците или службениците кои не штрајкуваат.
Правната можност за влијание врз работодавачот, од страна на вработените освен во Законските прописи, е дадена и во Законот за собири, митензи, демонстрации и штрајкови. Се препушта правото за организирање надвор од работното време на синдикални или општи собири, информирање на јавноста преку средствата за масовно информирање и на друг законски начин /.
За спроведување на протесни митензи или собири надвор од територијата на претпријатието, се подготвува известувачко писмо до соодветната општина, кое се поднесува најмалку 24 часа пред часот на почнувањето на протестот, при што се зема влезен број .
/ види "Примерно писмо за известување за митензи и собири "/.
За повеќе информации за оваа тема или при тешкотии во подготвувањето на документацијата за штрајкот, треба да се обратиме кон Раководството на УНАСМ.
При појава на штрајкувачки конфликт или при влегување во процедура според Законските прописи, итно побарајте ја врската со соодветната гранкова Федерација, ОНС и со УНАСМ. Тие ќе ви бидат од корист како консултанти, како и при поместување на преговорите на повисоко ниво/ општина , министерство или Влада/.
- ШТРАЈК ОД СОЛИДАРНОСТ, КАКО ПОДРШКА НА
ЗАКОНОТ ЗА ШТРАЈК НА ДРУГИ РАБОТНИЦИ
Штрајк од солидарност е штрајк за подршка на основен штрајк на други работници. Со него, штрајкувачите немаат и не решаваат" сопствени "проблеми во работните и осигурувачки односи. Основата на неговото спроведување е волјата на работниците и службениците да дадат подршка со штрајк на барањата на други работници, кои се во штрајк .
Во случајот е важно да се знае дека, при спроведување на штрајкот од солидарност, потребно е да бидат запазени сите законски барања и тоа:
1. Решението за прогласување на штрајкот да се донесе со
просто мнозинство / 50% +1 / од вработените во претпријатието – на општото собрание или со запишување, каде изричито треба да се посочи дека штрајкот се прогласува како подршка на друг штрајк.
2. Работниците или нивниот претставник треба писмено да го
известат работодавачот, најмалку 7 календарски дена, пред почетокот на штрајкот, неговото продолжување и органот кој ќе раководи .
3. При спроведување на штрајкот треба да бидат запазени
законските одредби.
4. За да не дојде до грешки при подготвувањето на
документацијата за штрајк, користете ги примерите на прилозите.
No comments:
Post a Comment