УНАСМ постои за вас граѓаните на Република Македонија.
...придружете ни се!

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА:

pollcode.com HTML кодови
Колку синдикати постојат во Р. Македонија?
1 2 3 4 5 Повеќе   

Sunday, October 18, 2009

ПРОБЛЕМИ, КОНФЛИКТИ И НИВНОТО РАЗРЕШУВАЊЕ


Во секојдневната синдикална работа, секој лидер се судрува со разни по тежина проблеми и конфликти и се труди да ги разреши. Кога еден проблем ке добие лични димензии, тој се претвора во конфликт меѓу личности или групи од личнисти. Во зависнотст од карактеристиките на конфликтите, пристапот кон нив е различен.




ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ

Внатрешните конфликти се раѓаат од ВНАТРЕШНИТЕ проблеми во синдикатите и меѓу личностите – ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТОТ, меѓу членовите и раководството, или внатре во самото раководство. Проблемите кои можат да предизвикаат внаљтрешни конфликти се многу разновидни. Од праксата е познато дека такви конфликти се јавуваат секугаш ако:

• лидерите на синдикатот не си ги познаваат правата и заради тоа ги пречекоруваат своите права;

• некој од лидерите не се доволно компетентни за да ги штитат синдикалните членови пред работодавачот;

• постои лична неподносливост меѓу членовите на раководството;

• лидерите пребрзуваат со сопствените одлуки со што ги навредуваат интересите на членството;

• ако зад синдикалната работа се кријат лични и користољубиви интереси.

Јасно е дека синдикатот, раскинувана од внатрешни конфликти не може да биде силна и да дава достоен отпор за остварување на правата и интересите на синдикалните членови. Затоа, апсолутно е задолжително тие конфликти да бидат решавани итно и да не се допушта нивно изострување. Потрудете се на официјална средба или во неформален разговор, оставјќи ги емоциите и напрегнатоста,да ги одредите страните во спорот и причините, кои го прдизвикале. Ќе си дозволиме неколку практични совети:

ЗАШТТЕТЕ ГО ПО СЕКОЈА ЦЕНА И СО СИТЕ СРЕТСТВА НА СИНДИКАЛНАТА СОЛИДАРНОСТ.!
Не треба да се заборави, дека синдикалното здружување и солидарноста меѓу луѓето и нивниот труд се нивна сила, најсигурното средство за заштита на нивните работни интереси. Рушењето на таа солидарност во базичниот синдикат води до реток пад на нивната сила и авторитетот и на крај и ја одзема можноста да ги заштитува интересите на своите членови.

ЗАПАЗУВАЈТЕ ГИ ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРАВИЛА ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ !
Во својство на синдикален лидер вие не сте "началник", туку поточно изразувач на волјата и заштитник на правата на членовите на базичниот синдикат. Тие ви се довериле, и ве овластиле да ги претставувате , но ако не се советувате со нив и не се сложувате со нивното мислење, а донесувате сопствени одлуки, може многу лесно да ја изгубат довербата и вашето овластување. Диалогот, може речиси секугаш да ја изглади секоја противречност и да го сопре задлабочувањето на секој конфликт. Особено е важно да држите секој член на базичниот синдикат да се чуствува почестен и да учествува во донесувањето на колективните одлуки, како и да биде убеден, дека неговиот проблем ќе биде слушнат и ќе биде сторено се што е можно да му се заштитат правата.

СТРЕМЕТЕ СЕ КОН ЈАСНО РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ ВО ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА БАЗИЧНИОТ СИНДИКАТ !
Така, веројатноста да испуштите нешто важно ќе се сведе на минимум, а членовите ќе се сигурни, дека нивните права и интереси ќе бидат добро заштитени. Принципот на екипност, влегол во Статутот на УНАСМ и на сите Статути со нејзината структура, ќе го заштити и самиот Извршен Одбор од појавите на меѓулични конфликти.

ДАВАЈТЕ ШИРОК ПУБЛИЦИТЕТ НА СЕКОЈА ВНАТРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА, КОЈА ГИ ЗАСЕГА ИНТЕРЕСИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ!
Тоа ќе го зацврсти довербата во вас. Огласувајте ги не само фактите, но и мотивите, кои довеле до една или друга одлука на Извршниот Одбор. Така ќе ги ограничите можностите да се шират информации" на уво" , кои секугаш создаваат напрегнатост и конфликти.

СТРЕМЕТЕ СЕ КОН КОМПЕТЕНТНОСТ !
Компетентноста во синдикализмот се придобива тешко. Обично кога еден од членовите на синдикатот ќе биде избран за нејзин лидер, а тој има површна претстава за проблемите, со кои се судрува, како такви. Материјата ос која треба да се занимава, обично нема ништо општо со неговата службена компетентност до тој момент. Ете зошто новоизбраниот лидер треба добро да се запознае со ЗРО, Статутите на Унијата на Независните Автономни Синдикати на Македонија, и соодветната федерација , како и со Статутот на ОНС . Кога има проблеми кои ги надминуваат вашите познавања можете да побарате консултација од ОНС или Фрдерацијата, во која сте член Можете да побарате од истите да ве вклучат во курсеви за синдикална обука, кои се најкраткиот пат кон здобивбањето на синдикална компетентност.

НАДВОРЕШНИ КОНФЛИКТИ
Надворешните конфликти ги засегаат взаемните односи меѓу базичниот синдикат и другите, надворешни спрема нив институции, на пример , работодавачот, Одборите на другите синдикални централи во претпријатието, органите на локалната власт и др.Меѓунадворешните конфликти особена важност за лидерите на синдикатот се конфликтите со работодавачот, заради ко ќе посветиме специјално внимание.

КОНФЛИКТ СО РАБОТОДАВАЧОТ!
Најчести се конфликтите со работодавачот со другите раководни органи во претпријатието и сврзани се со:

• непридржување кон потрпишаниот Колективен договор;

• ограничување на законските синдикални права;

• плати и социјални придобвки на работниците и службениците;

• нелојален и неправичен однос ;

• сигорност,хигена и заштита при работа;

• разни форми на дискриминација на синдикалните членови;

/ по пол , возраст, етничка припадност и.т.н. /

• фаворизирање на одделени работници од работодавачот;

Пристапот,при решавањето на конфликтите со работодавачот се коренито различни од тие внатре во синдикат. Општо, таквите конфликти може да се решаваат со ПРЕГОВОРИ / преку преговорите со работодавачот со повисоките државни институции, министерство, општини / или СО ПРИСИЛНИ СИНДИКАЛНИ СРЕДСТВА / штрајкови, заведување на судкски дела/ .Како форма за заштита на синдикалните интереси ш т р а ј к о в и т е се опишани во глава четврта - "Колективни работни спорови " .
Најбезболен начин за решавањето на конфликтите со работодавачот се преговорите. Технологијата на водењето на преговорите е самата по себе една наука, која не може да биде исцрпана во ова брошура.Затоа, ќе си дозволиме да формулираме неколку општи совети , кои може да бидат од корист .


ПОСТАПУВАЈТЕ ДИПЛОМАТСКИ !
Многу е важно како ќе пристапите кон преговорите , како че го формулирате барањето за преговори, како ќе го формулирате проблемот .Имајте дека работодавачот има ист интерес. Проблемот да се реши без да стиген до суд или штрајк. Најдете го точниот тон – одбро балансирање меѓу учтивост, тврдоглавост и достоинство, нема да го предизвикува работодавачот и да ги прекине преговорите, а шансата за успех ќе се зголеми. Водете сметката за силата на синдикатот, тоа го одредува притисокот кој можете да го покажете и какви се вашите потфати и колку "се решени ".

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ДОБРО !
За успехот на едни преговори од особена важност е претходната подготовка. Иако го познавате добро ЗРО и другите законски и подзаконски акти и наредби, кои се однесуваат за конкретниот случај, но не заборавајте да ги земете текстовите – може ќе ви затребаат. Соберете ги потребните докази. Размислете претходно како ќе се држите, како ќе ја изведете заштитата на вашата теза и по каков ред ќе ја изнесете. Обидете се да претпоставите какви ќе бидат аргументите на" противникот " – па така тој не може да ве изненади и ќе можете да го побиете.

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ ЕКИПА!
Со општ збор на преговорите со работодавачот да не одите сами. Барем еден активист од синдикатот ќе ви биде од полза, ќе можете да се советувате, ќе може да води записник.
ИЗРАЗЕТЕ МАКСИМАЛНА ЕЛАСТИЧНОСТ!
Не заборувајте, дека смислата на преговорите е да ја убедите спротиванта страна во праведноста и силата на вашите аргументи.Често силни и логични аргументи не се прифаќаат, зато што не е најдено вистинскот тон за нивното однесување. Сочувајте го спокојството присуството на духот – повишувањето на тонот за време на преговорите е ризик за неуспех , а со тоа ќе биде неуспешна и вашата мисија. Ако пак работите се излезни од контрола, или гледате дека дијалогот ќе шлајфува , не оди , побарајте одлегање и закажете ја следната средба. Давањето на време за размислување често прави преговарачиите да бидат наклонети кон компромис и тоа води до постигнување на спогодба.
ПОТПИШЕТЕ ЈА СПОГОДБАТА !
Желбата е постигнатата спогодба со работодавачот, да постои во писмена форма . Тоа може да биде анекс кон Колективниот договор, ако ги опфаќа повеќе синдикални членови, но во таков случај теба да се регистрира во соодветна институција за труд,може да не се изработув аписмена спогодба , ако конфликтот ги засега интересите само на одделени синдикални членови . В о таков случај работодавачот да потпиша соодветна внатрешна наредба која ги задоволува засегнатите .




No comments:

Post a Comment

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: Колку сте запознаени со работата на УНАСМ?

На УНАСМ му е потребно:

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Website counter

УНАСМ информатор

Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.
Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.

Incorp-K Delcevo HTML кодови

Линкови

Овој JavaScripts код е креиран
од INCORP-K Delcevo