УНАСМ постои за вас граѓаните на Република Македонија.
...придружете ни се!

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА:

pollcode.com HTML кодови
Колку синдикати постојат во Р. Македонија?
1 2 3 4 5 Повеќе   

Sunday, October 18, 2009

ПОДГОТОВКА НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР


Страни во колективниот договор


Страните во колективниот договор се:

• Рабодавачот или овластени негови претставници;
• Работниците и службениците, членовите на базичниот синдикат, претставувани од неговото раководство или од други синдикални членови, специјално овластени да го подготват проектот за КД и да преговараат за неговото случување. Треба да се знае дека, во едно претпријатие може да склучи САМО ЕДЕН колективен договор.
 Во претпријатијата каде има повеќе од една синдикална организација, чија Централа е признаена за претставник на национално ниво, најдобро би било нивните раководства да постигнат договор за изготвување на ОПШТ ПРОЕКТ за колективниот договор. Во случај тоа да не се постигне, претставничките синдикални организации подготвуваат одделни проекти, кои се претставуваат на ОПШТО / ДЕЛЕГАТСКО/ СОБРАНИЕ НА КОЛЕКТИВОТ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО и по тајното гласање се избира еден од проектите .На тој начин колективот овластува една од синдикалните организации да преговараат за колективниот договор и кога тој ќе биде склучен, тоа е договор за ЦЕЛИОТ КОЛЕКТИВ, т.е. не употребува процедурата за присоединување. Во случај , ако во претпријатието има само еден синдикален сектор претставуван на национално нив, или при почнување на процедурата за договарање, има само еден проект, тој се склучува од организацијата, која го подготвила заедно со членовите на синдикатот. Во случај ако се постигне спогодба за општ проект на две синдикални организации / од кои барем е претставник на национално ниво/, страна по договорот се членовите на двете синдикални организации. Од изложеното, јасно се гледа дека при процедурата на договарање често состануваат работниците и службениците, кои не се страна на склучениот во претпријатието Колективен договор, затоа што не членуваат воопшто во синдикатот, или членуваат во синдикална секција, која не е страна на договорот. Статутот, им дава можностна тие работници ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ кон потпишаниот Колективниот Договор со ПИСМЕНА МОЛБА до работодавачот и до раководството на синдикалната организација- страни на договорот.Писмена молба е индивидуална и се однесува само на лицето кое ја поднесува.

Избор на екипата за договарање

Тоа би требало да биде здружена група, која ги претставува разните професионалните рамништа во претпријатието. Членовите треба да бидат избрани на Собранието на членовите на базичниот синдикат, кои ќе ги водат преговорите. Ако има спогодба за општ проект на две / или повеќе / синдикални организаци, екипата може да се избира од одделни собранија на тие организации, според претходно договорената квота за учество, или на општото собрание на двата базични синдикати.Бројот на учесниците во екипата за договарање треба да е усогласен со бројот на луѓето, чии интереси ги заштитува. Обично варира меѓу 5 и 15 луѓе / непарен број/. На секој член на таа екипа се дава специфична улога и задача.
Се препорачува екипата да има:

 Говорник;
 набљудувач;
 работнички експерти / поедини членови на екипата се специјализираат за специфични проблеми- заштита при работата, работна ангажираност и други/.

Добро избраната и обучена екипа е сигурна гаранција за заштита на интересите на синдикалните членови.

Анализа на мислењето на работниците и службениците

Анализата се врши од раководството на синдикалниот сектор и избраната екипа за договарање. Главната на анализата е да се соберат реални аргументи и факти, кои ги покажуваат позитивните и негативните страни на Колективниот договор, кој се применува на територијата на претпријатијата, и да се согледат присутните проблеми и потреби, сврзани со работата и сите идеи, водејќи до подобрување на положбата на синдикалните членови. Анализата може да се извршува на различни начини:

 анкета;
 разговор со луѓето;
 седници;
 разгледување на жалбите и друго.

Важно е да одбележиме дека, анализата не треба да создава кај работниците и службениците преголеми очекување, зато што во водењето на преговорите тоа може да биде лоша шега за договарачката екипа. Добро би било, во згоден момент, да се изнесат резултатите од проучувањето. На тој начи ќе се постигне важна психолошка предност на договарачката екипа: има повеќе мотивирани луѓе, кои се грижат да си ги заштитат интересите. По анализата треба да се определат барањата на луѓето: кои треба да се вклучат како клаузули во договорот, а кои – не. Отказот треба да биде мотивиран. Врз оснива предлозите се оформува крајниот проект за Колективниот договор, на работниците и службениците.

Отварање прицедура за стапување во колективниот договор

Секој од страните на колективниот договор може да поднесе писмено барање кон другата страна за отпочнување преговори, базирајќи се на тестовите / ако се вклучени / во колективниот договор и ако тој е во сила, и законот кој што го задолжува работодавачот да во рок од 30 дена по добивањето на писмената покана од синдикалната организација стапи во преговори. Во рамките од 30 дена , но не подоцна од 15 дена од поканата, работодавачот е должен да ја достави на синдикалната организација бараната информација, потребна за преговорите. Синдикалните раководства треба да знаат иницијативата за преговорите е нивна, и дека наведените рокови погоре почнуваат да течат од датумот на испратената од нив , до работдавачот, покана за отпочнување на преговорите или од датумот на нивното писмено барање за информација.
За олеснување и гарантирање на текот на преговорите, потребно е склучување на Претходна спогодба, која ќе ги опфати следните прашања:

 екипите кои ќе учествуваат во преговорите;
 содражината на Колективниот договор/ делумно или целосно ќе се менува/;
 роковите, според кои ќе се работи;
 редот за добивање и појаснување на дополнителната информација;
 начинот и процедурата за соработка и спроведување на суштински преговори;
 правата и обврските на секоја страна;
 користење на надворешни експерти;
 арбитража;
 фирмена тајна;
 правилник за времето за работа на КД како дополнително отсуство, определување на лица, кои ќе ги заменат учесниците во преговорите на работниот процес;
 други прашања кои ги одразуваат специфичните согледувања за спроведувањето на Колективното договарање.

Многу е важно да во таа претходна спогодба биде опфатено прашањето, односно информацијата, за текот на суштинските преговори. Претходно, спогодбата се склучува во писмена форма и се потпишува од страните. Честопати динамичката економска ситуација на преодниот период, влијае и ги менува смислата и важноста на постигнатите договори, пред да истече дадениот рок во колективниот работен договор. Тоа наложува да се влезе во процедура на преговарање за постигнатите договори , а притоа да се запазат барањата од Закон за работни Односи или со спогодба меѓу засегнатите страни, според Законот. Постигнатите договорени промени треба да бидат запишани и приложени кон Колективниот договор, кој е на сила , со примероци за секоја страна, како и за Трудовата инспекција. Почеткот на процедурата за стапување во Колективниот договор , е многу важен психолошки момент. Тој се сврзува со голема надеж за подобрување на положбата и грантирање на извесна сугорност што се однесува до вредностите на плаќањето за определено време, сигурност на работното место, пододобрување или нормално компензирање на условите. Сите тие очекувања и надежи треба да бидат искористени од раководството на синдикалната организација и договарачките екипи за мотивација и подршка за времена преговорите.

Запознавање со делови на колективниот договор и сродни Колективни договори, кои се на сила

Основен со консултации и со проучување на мислењето на луѓето, кои се однесуваат на претходното работно договорување, важно и суштествено значење кое влијае на позицијата на синдикалното раководство и екипите за договорување има гранковиот Колективен договор. Должност за неговото пропуштање има работодавачот, согласноЗаконот. Гранковиот колективен договор ја зацртува минималнастартна позиција, од која треба да тргне при договорувањето на ниво на претпријатие. Неговото непознавање може да доведе до ситуција во која вие поднесувате барања пониски од договорените на повисоко ниво, иако постојат подобри договори. Многу значајно е запознавањето со сродни Колективни договори. Поеднични компоненти од тие сродни договори може да послужат како аргументи од ваша страна во процесот на договарањето, а при изработката на проекти за новиот Колективниот договор. Веднаш е потребно да потцртаме дека постигнатите договори на национално ниво / гранков Колективен договор/, се задолжителни и се минимална база при договорувањето на работната плата, од општините, претпријатијата и организациите. Договорите за работната плата на пониско ниво не можат да бидат по неповолни од тие, постигнати на повисоко ниво.
Барања на потребни економски информации / информации- шеми/

Веќе го постигнавме значењето на членот од Законот за Работни Односи, за започнувањето на процедурата на договарање. Тој член е од битно значење , зато што го задолжува работодавачот да достави "информација за економската состојба, која е од значање за склучување на Колективниот договор."
Често пати допуштена е грешка од страна на синдикалното раководство и договарачката екипа, формулирана од типот "....за предстојното колективно договарање да ни се достават потребни економски информации. Доколку не ни бидат ..."
Иако е тешко да се состави целосен список на различни видови и на информации , потребни за анализа за економската состојба на друштвото, постојат неколку основни економски информации, кои треба да ги барате:

a) информации за наброените средтства за работната плата според извештајот за целата година и по три месечија, и за приближниот список на персоналот за истиот период во друштвото ;
b) информација за големината на минималната и средна бруто работна плата според годишниот и тримесечен извештај, за истиот период во друштвото.
c) Информација за големината на средната бруто плата, по годишниот и шестмесечниот извештај по персонални категории;
d) Информација за големината на дополнителните работни награди по годишниот и шестмесечниот извештај;
e) Информација за големината на дополнителните работи награди по годишниот и шестмесечниот извештај по персонални категории во друштвото.
Освен тие информации, од работодавачот потребно е да се бараат информации, односно:

• Состојбите и перспективите за развојот на друштвото , во рокот на договарањето за работната плата;
• Вредностите на средствата за претходниот период од извештајот и пресметката и нивното распределување по синдикати;
• внатрешните правила , кои се во сила, за организирање на работните плати и предлози за нивната измена ;
• друга информација, договорена меѓу страните која може да ги вклучува:
 Информација за измена во обемот на општата индустриска продукција во натура и вредност.
 Информација за измена во продуктивноста на едно лице.
 Информација за измена во правците на реализација.
 Информација за измена во добивките и чистиот производ.
 Информација за измена на взаемниот однос на Буџетот и даночните институции.
 Информација за каматите и кредитите , и други.

Треба да се знае, дека основната економска информација е содржана во сметководниот биланс и во извештајот за приходи и расходи, кои се задолжителни за изготвување, согласно Законот за сметководство. Во многу случаи работодавачите претставуваат непотполна и недетална информација, со истакнување на аргументи, дека таа има доверителен карактер и претставува службена тајна. За да се избегнат проблемите од овој вид, уште во во предходното спогодување, да се уточи видот и достапноста на круг на лица, кои имаат право да располагаат со економските информации. Нека бараните информации од вас, бидата потпишани од човек, кој ги подготвил, заедно сопотписите / печатите / на главниот сметководител, финансискиот директор или други одговорни лица. Ако дадената информација не ви одговара, побарајте ја повторно, но во поконкретен облик или подцртајте го тоа, кое барате да ви биде појаснето.Писмото или писмата, со кои ги барате потребните информации за Колективниот договор, треба да биде официјално регистрирано/ преку деловодниот записник за влезен врој/. Вие трба да имате копија од истиот документ, како потврда за вашето официјално барање . Тоа е потребно за да можете да докажете дека работодавачот ги нарушил барањата според законот.Освен овој официјален пат за добивање на економска информација, објавена од страна на работодавачот по еден или друг повод/ стопански совети, оперативни планови, производни собранија и други/.

Формирање на проектот за Колективен договор

Постепено, од кога сме ја добиле економската информација, сме се консултирале со експерти, сме го добиле Гранковиот колективен договор, сме ги разгледале резлутатите од проучувањата и анкетите и сме ги зеле под внимание жалбите, пристапуваме кон формирање на проектот за Колективен договор. Овој проект може да ги опфати сите делови од Колективниот договор, кој е на сила, или одделени глави под форма на анекси кон владиниот Колективен договор.
Проектот за Колективниот договор треба да е разбирлив за секој работник и службеник. Речениците треба да се куси,јасни и точни. Треба да се избегнуваат странските и двосмислените зборови.
По определување на предлозите од договорот, тие треба да се подредат по значење:

1."Задолжителни "точки : се тие, кои членовите си ги посочиле како апсолутно потребни за потпишување на новиот Колективен договор.
2." Пожелни" точки: се такви од кои не очекуваме да постигнеме во таа етапа, но кои ги поставуваат основите на идната спогодба и преговори .
3."Подароци " : точки, кои очевидни ќе ги изгубите. Тие можат да се користат само за "дигање врева "за добивање на барани отстапки и пазарење.

Така подготвениот проект за колективниот договор треба да биде тестиран.
Како ќе биде тоа ?
Пред поширок аудиториум, собрание, состанок вие ќе го претставите проектот. Со внимание ќе ги запишете сите критични забелешки или пак појавените нови предлози. И покрај тоа треба да биде потполно јасно , дека секоја нова идеја нема да биде барање во работниот договор. Тука сакаме особено да го свртиме вниманието на следниот момент. Ако во вашето претпријатие има и други синдикални организации , треба да сте најасно , дека ако и другата синдикална организација подготвува проект за Колективен договор, работниците и службениците на општото собрание или нивните полномошници со тајно гласање ќе изберат еден од предложените проекти и ќе донесат одлука, која од синдикалните организации ќе ги претставува нивните интереси во Колективниот работен договор/ според ЗРО/. Тоа бара дополнително зголемување на одогворноста при подготвување на Колективниот договор.
Подготовка на аргументи како поткрепа на барањата
Има неколку аргументи кои треба да се искористат, како поткрепа на барањата за заштита на интересите на синдикалните членови. Тие се:

 индексот на потрошувачките цени кој ги покажува измените на потрошувачките цени зaдаден период спрема друг, прифатен како основа и наречен "инфлација", која постојано расте;
 индексот на реалната работна плата, кој ги покажува промените на средната работна плата во однос на инфлацијата за даден период спрема друг,кој е прифатен како основа. Овој индекс оди кон постојано паѓање.
 минималната работна плата во земјата / и во соодветната струка/;
 бројот на скратените , отпуштените пензионираните, работно организираните работници и службеници;
 принудно користење на неплатен одмор;
 престојот;
 необезбеден обем на работа;
 индексот е егзестенцијалниот минимум, за одреден град или реон: месо, колбаси, компири ,краставици, зелка, плодови(сезонски), зејтин,ориз, масло, 10 јајца , весници списанија, лекови , алкохол,чевли,детски алишта, алишта за возрасни ,сапун, прашок за перење, паста за заби, пострижување и флизерски услуги, карти за автобуси, кирии, расходи за дома, телефон , струја, вода , бензин, автомобилски делови и др.
Така објективно одбрани аргументи ја зголемуваат силата на синдикатот.


No comments:

Post a Comment

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: Колку сте запознаени со работата на УНАСМ?

На УНАСМ му е потребно:

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Website counter

УНАСМ информатор

Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.
Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.

Incorp-K Delcevo HTML кодови

Линкови

Овој JavaScripts код е креиран
од INCORP-K Delcevo