Испитан метод за решавање на синдикалните проблеми во структурите на Унијата на Независни Автономни Синдикати на Македонија е "Директниот напад на проблемите " / ДНП / . При спроведувањето на ДНП, од претседателите на базичниот синдикат се очекува активно учество и инијацијатива за решавање на проблемите на локално ниво.
Основните цели на ДНП, се следните:
Како да се подобри работата на базичниот синдикат;
Да се разработат општите насоки за започнување на процесот за усовршување и професионализација во синдикатот и неговото раководство. ДНП е процес, кој е ориентиран кон подобрување на квалитетот и ефективноста на синдикатите. Со други зборови - со поминување на процесот, синдикатот ќе стане подобар.
Тоа ќе се постигне преку:
Изградба на "попрозрачна" структура, т.е. пошироко учество на синдикалните членови во работата на синдикатот;
Подобро користење на личните матријали и финансиски ресурси;
Потполно задоволување на реалните потреби на синдикалните членови.
Базата за спроведување на процесотза директен напад на проблемите се КОНКРЕТНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ЛОКАЛНОТО СИНДИКАЛНО РАКОВОДСТВО.
Како во праксата се остварува директниот напад на проблемите?
ФАЗА 1.
Процесот започнува со општа спогодба меѓу одговорните лица на локално ниво, а потоа со разговори и проучување / анкети, интервјуа и др./ се одредуваат конкретните проблеми на локалните синдикални организации. За време на работната средба или семинар, собраниот матријал се разгледува и анализира и анализира од учесниците / обично тоа се членовите на ОНС/. Како резултат на оваа фаза се добива ИЗВЕШТАЈ ЗА СТВАРНАТА ПОЛОЖБА НА СИНДИКАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА.
ФАЗА 2.
Врз база на изработениот ИЗВЕШТАЈ, се планираат етапни решенија и цели. Како резултат се добива "Каталог"/ список / на можните цели и решенија со најважните и аргументирани мерки за нивното остварување.
ФАЗА 3.
Реализацијата на планираните мерки со цел, да ги задоволат потребите на синдикатот, користејќи го потенцијалот на заентересираните учесници. Задолжените со тие задачи, треба да остварат / да управуваат со / проект, да работат во екипи, да ги проверуваат добиените резултати.
ФАЗА 4.
ОЦЕНКА НА ПРОМЕНИТЕ. Дали организацијата ја постигнала целта или не ? Ако одговорот е " не " тогаш зошто ? Како може да се подобри планот за работа ?
No comments:
Post a Comment