Видови Собранија.Општо собрание и Делегатско собрание
1.Општо Собрание е собрание на сите членови на базичниот синдикат.
2.Формата на Делегатското собрание се применува, кога базичниот синдикат е многу голем и физички не е можно да се одржи Општото Собрание. Делегатското собрание, е собрание на кое присуствуваат лица / делегати / овластени / избрани/ од синдикалните групи / погоните , смените, производствените групи/.
Делегатите ги претставуваат членовите на синдикалните групи на собранието на базичниот синдикат, и пренесуваат од нивно име предлози и гласаат за одлуките. За надлежното овластување на секој делегат, потребно е секој да достави Записник од Собранието на Синдикалната група, на кое тој е избран. По Делегатското собрание АПСОЛУТНО Е ПОТРЕБНО, сите членови на синдикатот да бидат информирани за преземените Одлуки, бидејќи тие се предложени од нивно име.
Кворум
За да се запази демократската процедура во едно Собрание, потребно е присуство на определен минимален број на учесници / членови при Општото собрание и делегати при Делегатското/. Според Упатствата на УНАСМ за започнување на Собранието, потребно е присуство на не помалку од 2/3 од членовите / или од избраните делегати, ако Собранието е делегатско/. Одлуките вообичаено се донесуваат со мнозинство од 50%+1 од присутните.
Начин за организирање и спроведување на Собранието
свикувајте Собрание само ако има за тоа оправдана причина т.е. ако има проблеми за решавање;
запознајте се добро, со луѓето во базичниот синдикат со со кои ќе работите за време на Собранието;
проучете го добро и подгответе однапред проект за
ДНЕВЕН РЕД. Подредете ги прашањата така да имате доволно време за оние кои бараат подлабока дискусија. Нама волшебен рецепт како се организира дневниот ред, така да можете да екепериментирате, и да пронајдете кој редослед на работите е најдобар, специјално за вашата група. По две – три Собранија ќе го имате неопходното искуство за тоа;
внимателно одобрете го ВРЕМЕТО за организирање на Собранието- не треба луѓето да се премногу заморени ниту напрегнати. На пример, ако Собранието се организира пред смена или меѓу две смени;
внимателно одберете го МЕСТОТО за организирање на Собранието. Потрудете се да избегнете секакви надворешни влијанија: силен шум, поминување на надворешни луѓе низ просторијата и.т.н. Обезбедете им можност на сите присутни да ги видат и чујат говорниците.
запознајте ги членовите со дневниот ред, местото, времето на организирање на Собранието, и приближно часот на неговото завршување, барем два дена однапред. Ако членовите однапред знаат што ќе се разгледува, тие ќе имаат можност подобро да се подготват;
предложете го дневниот ред на гласање / по неговото разгледување и дополнување/ на почетокот на Собранието;
не давајте на гласање дали вие претседавате со Собранието – во својство на Претседател на базичниот синдикат, тоа е ваше право и должност. Ако некои од учесниците побараат друг претседател, дајте ги двате кандидатури на алтернативно гласање;
развивајте ја навиката да се запазува дневниот ред. Добро испланиран дневен ред е прв услов за висока ефективност и продуктивност на Собранието. Обратно, ако дневниот ред не е добро осмислен, или не настојувате да се запази како претседавач, Собранието може да се претвори во говорница и да не се заврши никаква корисна работа;
работете цврсто за време на Собранието, за да не им здосадите на учесниците. По потреба употребете го деловникот за долготрајноста на дискусиите, но не го применувајте претерано строго. Дајте им можност на сите заинтересирани да се искажат и не зборувајте дека, некои луѓе потешко си ги изразуваат мислите, но можат да дадат вредни идеи;
времето по секое прашање од дневниот ред да биде доволно за негово крајно исцрпување. На крај на дебатата формулирајте ја точната одлука во која ќе се стремите да ги изразите тенденциите кои преовладувале во дискусиите и дајте ја на гласање. Во некои случаи можат да бидат предложени две или повеќе одлуки. Формулирајте ги точно, за да бидат запишани во записнокот, и дајте ги на гласање. Кога треба да се гласа за подолг текст / декларација , гледиште/, по дебатата се одбира група од 3-5 луѓе, кои треба да ја состават одлуката, земајќи ги во предвид тенденциите кои преовладувале во дискусиите. Ако е потребно дискутирајте уште малку, додека групата да го предложи готовиот текст. Предложете го готовиот текст на гласање.
не го налагајте вашето мислење и не давајте готови одлуки за време на Собранието;
контролирајте го собранието и насочувајте го кон решавање на проблемите;
правете јасни и конкретни предлози;
не избрзувајте со заклучоците. Оставете членовите сами да ги направат или барем јасно да ја исцртаат насоката, во која ќе се бара решението на проблемот. Научете да ги воопштувате мислењата и да ПРЕДЛАГАТЕ ОДЛУКИ ПРИФАТЛИВИ ЗА СИТЕ;
како претседава, со вашите дискусии не влегувајте во директен спор.
Водење на записник
Пред отпочнувањето на Собранието, задолжително се избира записничар. Тој ги регестрира, во книгата за записници на секторот, времето и метото на Собранието, кворумот потребен за прифаќање на одлуките, бројот на присутните членови и ги запишува сите дискусии, дебати и искажувања, како и донесените одлуки по нив.
Дискусиите се анотираат (прават забелешки) поради неможноста да бидат запишани во целост. Одлуките, пак, треба да бидат добро формулирани, издиктирани / од претседателот или друг учесник / , запишани а потоа изгласани. Кон секоја одлука во записникот се означува бројот на гласовите "за", "против" и "воздржани". Кон записникот се приложуваат и писмени материјали – Дневниот ред, извештаите, информациите, кои се прочитани на Собранието текстови , а потоа разделени на учесниците и др. Во случај ако Собранието е делегатско, кон записникот треба да се приложат и записниците од Собранијата на синдикалните групи за избор на делегати. Ако полномошните на делегатите се за подолг период, тие се собираат во почетокот на нивниот мандат и на тој начин се бори кворумот за прифаќање на одлуките од Делегатското собрание. По завршување на собранието, записникот се чита и потпишува од записничарот и претседателот.
No comments:
Post a Comment