Врски со членовите на базичниот синдикат
Консултации и анкети
За нормално функционирање на еден базичен синдикат, од особена важност е брзото и полновредно приближување на информацијата од членовите кон повисоките структури и обратно.Јазолна фигура во овој процес е лидерот / претседателот/ на базичниот синдикат, кој ги извршува специфичните функции на посредник на информацијата. Од една страна тој треба да ги познава во детали, желбите и проблемите на синдикалните членови, чие мислење е ополномоштен да го пренесува на колективните органи на управување во повискоките структури / федеративен, регионален совет/.
Од друга страна тој треба постојано да ги информира членовите за Одлуките, донесени во тие колективни орган, за мислењето, кое тој го бранел, за актуелните задачи и предстојните синдикални акции во конкретната гранка и регионот. Од особена важност за секој лидер е способноста да контактира со луѓе од различно ниво.
Начините, по кои се остваруваат комуникациите со членовите се:индивидуални разговори, распрашувања,анкети,преписки,билтени, огласни табли и др.
ИНДИВИДУАЛНИОТ РАЗГОВОР е најчесто користено средство за комуникација со членовите на базичниот синдикат. При спроведување на индивидуалните разговори треба да се води сметка за неколку работи:
За местото каде ќе се води разговорот;Најдете најподобно место, погодно за да ги сподели своите проблеми синдикалниот член.Не очекувајте искреност од него, ако разговорот се води во ходникот пред кабинетот на директорот и има опасност разговорот да биде слушнат, или покрај машината кога работникот е концентриран со целото внимание кон извршувањето на операциите;
За индивидуалноста на човекот, со кого ќе разговарате, погрижете се да најдете индивидуален пристап кон секој синдикален член, да ја придобиете неговата доверба. Нема универзална рецепт како да се прави тоа, но добриот лидер може да го согледа вистинскиот пат кон секој, со повеќе такт, со готовност да ги ислуша со чуство за хумор, со искрената желба да му помогнете. Доброто позанавање на синдикалните членови сериозно ги зголемува шансите да го пронајдете вистинскиот чекор – добро е да знаете какво образование има вашиот соговорник, каква му е семејната положба, во какви услови живее, какви му се интересите , кои му се најсериозните проблеми во моментот. Паметете ги имињата на синдикалните членови. Обраќајте се кон луѓето по име. Секој човек сака да си го слушне своето име.
За времето на одржување на разговорте. Најдете најпогодно време за одржување на индивидуален разговор. Не заборавајте дека времето е скапо за секој и него продолжувајте непотребно разговорот.Ако почуствувате дека соговорникот не е расположен да разговара, подобро е да го одложите разговорот, одколку да го провоцирате, за да не оставите впечаток дека сте нетактичен или здодевен.
Врските со членовите на базичниот синдикат може да бидат и под форма на КОНСУЛТАЦИИ И АНКЕТИ. Овој начин на комуникација се применува, кога е потребно за кусо време да добиете информации од сите членови за одредени проблеми / допишување/ или се обидувате да го идентификувате дадениот проблем / анкета/. За спроведувањето на консултацијата /анкетата се изработуваат прашалници, со запазување на некои основни правила:
пред се треба јасно да се одреди темата, целта и кругот од луѓето, кон кои се однесува прашалникот;
прашалникот не треба да биде подолг од една најмногу две страници;
треба да се формулираат јасни прашања, за да не се збунувачки при пополнувањето на прашалникот;
по претпоставка , прашањата треба да бидат лесни за обработка одговори , доколку тоа е можно;
прашалникот треба да создава кај членовите чуство дека со пополнувањето ќе придонесат за некаква позитивна промена;
Во зависност од целта и темата на анкетата консултацијата треба да се одлучи какви ќе бидат прашањата – тајни, полутајни или јавни.
Тајните прашања претпоставуваат само 2-3 , до 5-6 можни одговори, кои се формулираат и се испишуваат по прашањето.Анкетираниот треба само да го одбележи оној одговор, кој го подржува неговото мислење по даденото прашање.Анкетите со тајни прашања се обработуваат полесно, зато што варијантите се крајни и подлежат на бројно претставување. Недостаток е дека го зголемуваат обемот на анкетата.Многу ситуации во синдикалниот живот едноставно "не се собираат" во тајните прашања.
Јавните прашања претпоставуваат, пополнување на анкетите со слободен текст, од секој анкетиран. Тие даваат можност за слободно изразување и интерпретирање на прашањата од секој синдикален член, но анкетата со отворени прашања тешко се обработува, и претставува со бројки. Се перепорачува при составувањето на анкетата да се вклучуваат и по 1-2 отворени.
Гарантирајте ја конфиденционалноста(тајноста) и не барајте од анкетираните имиња или потписи .Тоа води кон поголема одговорност и одѕив од нивна страна.
Секугаш информирајте кој го прави поучувањето и за што ќе биде користена информацијата.Осигурајте брзо објавување на резлутатите од анкетата, за да дадете и обратна врска кон анкетираните.
ОГЛАСНА ТАБЛА е лесен начин за секојдневно информирање на синдикалните членови по сите прашања кои ги засегаат. Преку него лидерите на базичниот синдикат даваат известување за своите работи на позиција на работодавачот, на извојуваниот успех. Поставен на достапно место за сите, таблата може "молчеливо" да ги агетира работниците кои не членуваат во синдикатот, да станат членови на Унијата.
Другите средства за комуникација како БИЛТЕНИ, ЛЕТОЦИ, се користат сосема ретко во базичниот синдикат и се сврзани обично со некоја кампања, или со синдикална акција од светски глас.
Врски со работодавачот
Меѓу најважните дејности на синдикалниот лидер е одржувањето на постојана врска со работодавачот,дозволена заштита на работните и осигурителни интереси на синдикалните членови. Препорачливо, е дијалогот со работодавачот да се институционализира т.е. преку колективниот работен договор, или со други договори да се гарантира еднонеделен / едномесечен/ , разговор за појавените проблеми меѓу синдикалното раководство и работодавачот. Тоа е местото и времето каде што можете да ги доставите за разгледување молбите, жалбите, да ги одбраните/ надвор од КД / Дополнителните социјални придобивки за работниците , да протестирате за исполнувањето на точките од барањата од КД, и.т.н.
При контакти со работодавачот поаѓајте од правата кој ви ги дава работното законодавство и од задолженијата да ги штитите интересите на членовите на вашата синдикална организација.Држете се достоинствено.
Не заборавајте дека умешноста за водење преговори се сведува на тоа да ги убедуваш другите во справедливоста и разумноста на своите аргументи и да остапиш само кога "противникот" те убеди во своја правдина.
Врски со Федерацијата / ОНС и УНАСМ
Тоа се комуникации , без кои работата во базичниот синдикат не може . Помошта и подршката, кои овие структури може да ви ја пружат, се многу важни и често пати решавачки успех от или неуспехт на определена синдикална акција.Затоа, вие како синдикален лидер активно треба да контактирате со нив, да учествуватѕе во работата и донесувањето на одлуки во нивните соодветни колективни органи за управување, каде што ги информирате за животот и проблемите во базичниот синдикат. Вашата одговорност е и да дадете обратна информација- за взаемните одлуки и за политиката на соодветни високи структури – до вашиот базичниот синдикат.
Врски со други синдикални организации
Во вашата непосредна синдикална работа во претпријатието најчесто се налага да соочите со присуството и на други национални синдикати, работници, кои не членуваат во синдикална организација /несиндикализирани/.
Градете ги тие контакти врз принцип на взаемно почитување. Често подршката од другата синдикална организација во претпријатието може да биде од решавачко значење за една синдикална акција. И обратно нема полошо за работодавачот од базичниот синдикат кој помеѓу себе војуваат.
И покрај, водете сметка за самостојноста на вашиот базичен синдикат- не заборавајте дека сте од УНИЈАТА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ, и не дозволувајте другите синдикални организации да ви доставуваат оптоварени идеологии или синдикални акции поставени на недемократска основа. Во целата сложена и многу насочена конјуктура, најсигурен тест за правилноста или погрешноста на дадената работа ќе биде мислењето на вашите синдикални членови.
No comments:
Post a Comment